Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја игра својата сезона од соништата во Шкотска. Тој денеска го постигна својот 16. гол во триумфот (0-4) на неговиот тим Абердин на гости против Хибернијан.

Тој беше стрелец во 53.минута од дуелот постигнувајќи го третиот гол за Абердин на овој дуел. Навремено влета во празниот простор и со прецизен удар ја смести топката во мрежата на домашниот голман.