Екипата на Јувентус ја продолжи долгата низа без победа во Серија А. „Старата дама“ не успеа да победи ниту против последниот во лигата, фенерџијата Салернитана, а во финишот се спаси и од пораз за конечни 1-1.

Салернитана дојде до предност со голот на Николо Пјероци во 27.минута, а Јувентус и покрај доминацијата во поле никако не успеваше да стигне до израмнување.

Сепак, реми донесе Адриен Рабио со голот во 91.минута од мечот.