Александар Коларов ќе го напушти Интер во јануари, објавија италијанските медиуми. Коларов на тој начин би можел да се врати во Србија и да ја продолжи кариерата во Црвена Звезда.
36-годишниот Коларов кој игра на левата страна и во одбрана и во напад, оваа сезона забележа само три настапи за Интер и раководството на миланскиот клуб сака да се ослободи од него половина година пред истекот на неговиот договор. Коларов е во Италија од 2017 година кога Рома го донесе од Сити за пет милиони евра. Тој минатата година пристигна во Интер за милион и пол евра, но не играше во Милано.
Тој во последниот преоден рок се поврзува со српскиот шампион Црвена Звезда, а српските медиуми пишуваат дека клубот од Маракана сега би можел да ја започне акцијата за доведување на Коларов.