Фудбалската селекција на Бразил уште еднаш ги разочара своите навивачи, без Винициус Жуниор, со играч повеќе во последните дваесет минути, се сопна во пенал рулетот (0-0, 4-2) и тоа против незгодниот ривал Уругвај, па беше елиминиран во четвртфинале на Копа Америка.
Игрите во групната фаза не навестуваа добар исход, особено што „селесао“ играше без асот на Реал Мадрид, единствената вистинска ѕвезда на оваа репрезентација во отсуство на Нејмар. Бразил одново одигра под своите очекувања, во текот на сите деведесет минути не успеа да се закани речиси ниту еднаш, освен можноста на Рафиња во финишот од првиот дел.
Така Уругвај на легендарниот Биелса заслужено се пласира меѓу четирите најдобри на турнирот. Херој на победничкиот тим беше голманот Роше, кој му го одбрани ударот од белата точка на Едер Милитао во пенал-серијата.
Уругвај, според настапот во текот на целиот турнир, како и во четвртфиналето, заслужи да ја продолжи битката за трофејот, а во полуфиналето ќе се сретне со Колумбија, која што беше убедлива против Панама. Во второто полуфинале ќе играат селекциите на Аргентина и Канада.