Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја оправда фаворитската улога и со пресврт славеше против австралиецот Алексеј Попирин и се пласира во осминафинале на Вимблдон.
Ѓоковиќ го загуби првиот сет, но сепак дојде до победа од 3:1 во сетови и ќе има пресметка со Холгер Руне кој ќе биде негов најголем предизвик досега на турнирот.
Попирин го изненади Ѓоковиќ и тргна одлично во мечот освојувајќи го првиот сет со 1:0. Сепак, Ѓоковиќ не дозволи тоа да му направи проблеми, па во продолжение заигра на високо ниво и со 3:1 дојде до победата.
Новак Ѓоковиќ на Вимблдон, успеа и да ја пробие границата од 1.000 ас сервиси на овој турнир.
Во одлучувачкиот четврти сет гледавме и тај-брејк кој Ѓоковиќ го доби со 7:3.
Место во осминафиналето обезбедија исто така и Данил Медведев и Тејлор Фриц.