Малку познатиот американски тенисер Брендон Холт го победи Тејлор Фриц и го исфрли од УС Опен.
Холт, 303. тенисер на планетата, по нешто повеќе од три часа игра го совлада Фриц со 3-1 во сетови – 6:7(3), 7:6(1), 6:3, 6:4.
Со тоа се комплетираше вториот шок резултат на денот, откако Стефанос Циципас беше исфрлен од Даниел Галан.
Многумина очекуваа голем резултат од Фриц на домашниот Грен слем поради добрите резултати оваа година, но тој одигра еден од своите најслаби натпревари.
24-годишниот квалификант, кој се пласираше во главната ждрепка со три победи од 2-1 во квалификациите – каде што настапи со специјална покана – го прокоцка првиот сет.
Тој водеше со 5:2, го загуби сервисот, потоа имаше два сет топки при 5:4, а потоа падна во тај-брејкот.
Во вториот сет спаси три сет топки при 5:6, а потоа го освои сетот.
Во третиот спаси три брејк топки при 1:1, а потоа направи два брејка во низа. Фриц врати еден, но тоа не беше доволно.
И покрај неповолниот резултат, многумина очекуваа дека десеттиот носител ќе се врати и ќе победи, но Холт имаше други планови.
Повторно направи двоен брејк, му дозволи на противникот да врати еден, но не и втор, за да почне да ја слави најголемата победа во кариерата.