Жижен Жанг влезе во историјата на светскиот тенис откако стана првиот Кинез кој успеа да се пробие во ТОП 100 на АТП рангирањето во Опен ерата, односно од 1968 година, па досега.

26-годишниот Жанг се искачи на 96. место на АТП ранг листата и е првиот кој ја мина бариерата, а наскоро тоа може да го направи и 23-годишниот Ву Јибинг, кој моментално е на 117-то место.