Иако со доста проблеми, Србинот сепак стигна до поибеда со 2-0 (7-5, 6-4) во меч кој траеше нешто повеќе од два часа, а го одбележа големиот број брејкови. Во првиот сет имаше само еден и тоа во 12. гем кој му припадна на Ѓоковиќ за водство од 1-0 во сетови, но затоа во вториот имаше дури седум. Во еден момент, двајцата тенисери беа во серија од шест брејка, низата ја прекина Де Минаур за израмнување на 4-4, потоа Ѓоковиќ беше сигурен на свој сервис, за во десеттиот гем да го освои сервисот на противникот за конечна победа и прв пласман во полуфиналето во Монте Карло по пауза од девет години.
Во полуфиналето, српскиот ас ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Умбер и Руд кои играат вечерва. Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Циципас и Синер.