Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ по паузата се враќа на терените и ќе игра на Мастерсот во Париз, а пред првиот натпревар даде изјава за медиумите.

Новинарите ги интересираше дали Ѓоковиќ се надева на 25. гренслем-титула во кариерата, а тој кажа дека оди чекор по чекор, но се надева на успех на Австралијан опен.

„Не знам како ви изгледа, но јас го знам чувството. Се чувствувам како мачка со девет животи. Секогаш кога играм гренслем, губам по еден. Мора да бидете максимално подготвени на тие натпреварувања“, вели Ѓоковиќ.

Србинот ќе го „лови“ пехарот на Мастерсот во Париз, кој почнува денеска и трае до 5 ноември, а потоа следи Завршниот турнир во Торино и Дејвис Купот во Валенсија.