Барселона како фаворит оствари рутинска победа над четвртолигашот Барбастро (4-0) во пресметката од 1/16 финалната рунда во Копа Дел Реј.

Фудбалерите на Ханси Флик со сигурна игра во текот на целиот натпревар остварија убедлив триумф и се пласираа во осминафиналето на ова натпреварување.

Барселона дојде во водство во 21 минута по центаршутот на Френки Де Јонг при што Араухо испрати топка со глава до Гарсија кој исто така со глава ја смести во мрежата на домаќинот. Десет минути подоцна Торе со одличен центаршут му асистираше на Левандовски за 2-0, а истиот овој тандем на стартот на вториот дел донесе солидна предност од 3-0.

Младиот Торе кој беше најдобар поединец на теренот, во 56 минута и сам се запиша во листата на стрелците по големата грешка на голманот Фабрега.

Во следната рунда се  пласираа и Бетис, Осасуна, и второлигашот Алмерија. Севилја доживеа шокантна елиминација на гостувањето кај Алмерија. Домаќините доминираа,  хет-трик постигна Луис Суарез а еден гол даде Марези.

 Осасуна го надигра Тенерифе  1-2, додека Бетис постигна минимална победа кај Хуеска (0-1).