Деби од соништата за Лионел Меси за Интер Мајами. Тој постигна магичен погодок од слободен удар, во 94.минута и донесе триумф за Интер Мајами на дуелот против Круз Азул во Лига Купот на Северна и Средна Америка.

Меси влезе во игра во 54.минута и веднаш се забележа разликата во играта на Интер Мајами. На крајот го постигна и одлучувачкиот погодок.