И самиот пораз е доволна информација за очајување, но како дојде до него е дополнителна сол на рана за сите симпатизери на „модрите“.
Динамо поведе со голот на Бруно Петковиќ во 35. минута, по едно прво полувреме во кое имаше доминација. Во сличен однос на силите во второто, домаќините добија пенал во 65. минута, но Петковиќ овој пат не беше прецизен и резултатот остана 1-0.
Хајдук не дозволи да биде во подредена улога цел натпревар и набргу потоа го почна спектакуларниот пресврт. Во 74. минута, Марко Ливаја изедначи на 1-1, а кога се чинеше дека двата ривала ќе се разделат рамноправни, 18-годишниот Американец со литвански корени, Рокаш Пукштас постигна погодок во 93. минута и донесе триумф за Хајдук.
Ова е слатка победа за сплитската гордост, затоа што пред само шест дена загуби од големиот ривал во Супер купот, со 0-1, исто така на гости. На денешниот натпревар, македонскиот капитен Стефан Ристовски почна од првата минута, како централен бек за Динамо и остана во игра докрај.