Андреас Трајковски, македонски атлетичар, кој живее и тренира во Данска, постави нов државен рекорд во скок во далечина, со должина 7 метри и 79 сантиметри.
На атлетскиот митинг во Калитеа (Грција) Трајковски во третата серија прескокна 7.79 метри (+0.9 м/с) со што го собори досегашниот македонски рекорд, кој беше исто така во негова сопственост (7.60 м) поставен минатата година.
Андреас го освои четвртото место на митингот, зад Муарил Сришинкар од Индија, кој го освои првото место со скок од 8.18 метри. Втор беше неговиот сонародник Џејсин Андрин Џонсон со скок од 7.87, додека третото место го освои Џален Рукер од Австралија со скок од 7.80 метри.