Бостон селтикс намали на 1-3 во финалето на Истокот на НБА лигата против Мајами хит, откако победи со 116-99 на гости во четвртиот дуел во оваа серија.
Жешките имаа предност од шест поени разлика по првото полувреме, но третата четвртина ја добија Келтите со 38-23. Бостон погоди седум тројки, а во последната четвртина Мајами одигра неефикасно, даде скромни 20 поени, на на крај претрпе убедлив пораз. Публиката беше подготвена за прослава, но осмиот тим од регуларната сезона на Истокот ќе почека за да стане финалист.
Џејсон Тејтум со 33 поени, 11 скока и седум асистенции беше предводник на Бостон, додека кај Мајами најзабележителен беше Џими Батлер со 29 поени, девет скока и пет асистенции.
Селтикс на првите три меча даде вкупно 31 тројки, а само синоќа погодија 18 шута за три поени. Досега ниту еден тим во историјата на НБА не добил серија во која губел со 0-3. Бостон ќе проба да направи чудо, следниот меч го игра дома, а и на свој терен би ја имал и можната мајсторка.
Во Мајами не се премногу загрижени што загубија, можеби ќе имаат уште еден меч дома против Селтикс, па затоа во финишот кога беше јасно дека ќе загубат, на клупата на Хит имаше и насмеани лица.