Актуелниот светски шампион Германија со максимални три победи ја заврши групната фаза од Олимписките игри, со убедливата против Франција со 85-71.
Домашната селекција дури може да биде задоволна со ваквиот исход ако се знае дека во еден период предноста на Германците изнесуваше и 24 поени разлика. Во последната четвртина дојде до мало опуштање кај светскиот шампион, па Франција го искористи тоа за да го ублажи поразот.
Германија со ова го освои првото место во групата, додека Франција е втора иако имаше многу среќа и воопшто не беше уверлива на овие Олимписки игри.
Германскиот тандем Вагнер-Шрудер блескаше во пресметката и постигна 52 поена, двајцата по 26, додека Вембанјама со 14 поени и 12 скока беше единствен расположен играч во францускиот тим.