Станува збор за неповторливи легенди, кои со своите игри одбележаа една ера во овој спорт, од кои, за жал, вториот веќе три децении не е меѓу нас. Многумина знаат за нивните два епски дуели на ЛОИ 1992 година во Барселона, пресметките во НБА помеѓу Портланд односно Њу Џерси и Чикаго, но ретко кој знае кога тие двајца првпат ги „вкрстија копјата“.

Деновиве на социјалните мрежи се појави фотографија од дуел помеѓу Дражен и Мајкл од 1983, кога двајцата биле тинејџери. Средбата е помеѓу Југославија и Универзитетот Северна Каролина во САД, која заврши со победа на 75-65 за Американците. Џордан, кој тогаш имал 20 години, средбата ја завршил со 23 поени додека една година помладиот Петровиќ за 39 минути реализирал 18 поени со шест скока.