Ѕвездата на Филаделфија го заврши мечот со 41 поен и дури 20 скокови, што е првпат некој да стигне до таков статистички податок (40+ поени и 20+ скокови).

Ембид и српскиот кошаркар Никола Јокиќ се најголеми кандидати за МВП-титулата.

„Секогаш повторувам дека сакам да доминирам на натпреварите. Понекогаш бројките тоа не го покажуваат, но овој пат е добро“, вели Ембид.

Голден Стејт вориорс без Стеф Кари и Клеј Томпсон го победи Сан Антонио спарс на гости со 100-94 и остана на третата позиција, и тоа на една победа од Далас маверикс.

Останати резултати:

Мемфис – Њу Орлеанс 141-114
Лос Анџелес Клиперс – Сакраменто 117-98