Александар Волкановски, австралискиот борец со македонско потекло испиша историја во УФЦ, откако славеше против Кореецот Чан Сунг Јунг, попознат како „корејско зомби“.

Волкановски успеа да ја одбрани титулата во перолесна категорија по трет пат во неговата карира, откако претходно славеше против Макс Холовеј и Брајан Ортега.

„Ви кажав пред борбата оваа недела, во моментов сум на друго ниво и не може никој да ме запре“, кажа Волкановски по победата.