Она што не им успеа минатата сезона, кошаркарите на Виртус Болоња го наплатија во Еврокупот годинава. Италијанскиот клуб, воден од славниот Серџо Скариоло, во финалниот натпревар ја надигра турската екипа Бурсаспор, која на патот до финалето приреди неколку изненадувања.
Теодосиќ запиша 21 поен, надополнет со три асистенции и беше најдобар поединец во финалниот дуел. Жаите и Вимс дадоа по 13 поени, а поранешната НБА-ѕвезда, Белинели постигна 12 поени.
Триумфот во Еврокупот го води Виртус во Евролигата за сезоната 2022/23, а комллетниот состав на учесници ќе биде познат по одлуката за настап или исклучување на руските клубови Зенит, Уникс и ЦСКА Москва.