Кошаркарот на Виртус од Болоња Милош Теодосиќ е прогласен за најкорисен играч во финалето на Еврокупот (МВП) во кое неговиот тим ја совлада турската Бурса со 80:67 (25:12, 16:19, 21:22, 18:14).
Српскиот репрезентативен плејмејкер беше клучен играч во победничкиот тим.
Кај Виртус беше најефикасен со 21 поен и три асистенции, со одлични проценти во шутот од игра (4/4 за два, 4/8 за три поени).