Имануел Квикли, кошаркарот на Њујорк Никс е заразен со коронавирус.
Според Шемс Чарани, новинар на Атлетик, плејмејкерот на Њујорк Никс, Имануел Квикли, е нов заразен НБА кошаркар.
По синоќешната победа на Њујорк Никс над Хјустон Рокетс, Квикли имаше интересна изјава:
„Овој вирус е луд човеку. Се туширам со маска“, рече Квикли, а неколку часа подоцна беше позитивен на коронавирус.
Пред него во таканаречениот здравствен и безбедносен протокол влегоа уште тројца играчи, а тоа се членови на Орландо Меџик: Р.Џеј Хемптон, Мо Вагнер и Теренс Рос, а пред нив двајца од Бостон: Ал Хорфорд и Грант Вилијамс.