Британскиот тенисер Енди Мареј го победи Рафаел Надал со 2-0 (6:3, 7:5) во полуфиналниот меч на егзибицискиот турнир во Абу Даби.
Надал по четири и пол месеци се врати на теренот и немаше многу шанси против моментално 134. тенисер во светот.
Ова беше прв дуел на двајцата поранешни број еден во последните пет и пол години.
Енди Мареј во сабота ќе игра во финалето против Андреј Рубљев, додека Надал за третото место ќе игра против Денис Шаповалов.
Рафаел Надал ги зеде првите два сервис-гема без загубен поен, а потоа го одигра својот трет сервис гем многу лошо.
Тоа го искористи Енди Мареј, кој лесно направи брејк во шестиот гем, го потврдува во седмиот и доаѓа на 5:2.
Надал го доби наредниот гем за 5:3, но во следниот Мареј сервираше за 6:3 и водство во сетовите.
Енди Мареј лесно ги доби своите сервиси во вториот сет, додека Надал се мачеше во сите сервис гемови на стартот од вториот сет.
Спаси две брејк топки во првиот и две брејк топки во петтиот гем, главно со добри сервиси, а Мареј пропушти четири можности да направи брејк и практично да го реши овој меч.
Како што напредуваше вториот сет, Надал играше се подобро и подобро и добро сервираше, а при 4:4 Мареј имаше 0:30 но не успеа да го брејкне Надал и да го реши мечот .
При 5:5 Мареј ја искористи втората брејк топка и направи брејк, а потоа сервираше за победа и го доби натпреварот .