Финалето во поединечна конкуренција во тенис на Олимписките игри во Париз е на програмата в недела, а ќе биде историско и секако запишано во аналите на најголемата светска спортска манифестација.
Прогнозите пред почетокот на Олимписките игри беа дека за трофејот ќе се борат Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз, а еден од нив в недела секако ќе собори рекорд. Ако триумфира Ѓоковиќ, со 37 години и два месеца ќе стане највозразен, а ако победи Алкараз, со 21 година и 3 месеци ќе стане најмлад освојувач на златниот медал во оваа конкуренција на Олимписките игри.
Моменталниот рекорд за најмлад олимписки шампион во тенис го држи Швајцарецот, Марк Росе од Барселона 1992 кога триумфираше со 21 година и 9 месеци, додека највозрасен е Енди Мареј кој во Рио де Жанеиро 2016 триумфираше со 29 години и 3 месеци.