За првпат во својата тениска кариера и тоа пред нејзиниот крај, српскиот тенисер и веројатно најдобриот на светот на сите времиња, Новак Ѓоковиќ ќе игра во финале на Олимписките игри и ќе се обиде да го освои единствениот трофеј што му недостасува.

За сето ова тој беше свесен откако по речиси два часа игра го победи италијанецот Лоренцо Музети. Иако не се работи за финале, по победата тој се испружи на земјата на „Филип Шатрие“ и широко ги рашири рацете како да освоил некој турнир.

 

Неколку моменти подоцна отиде да се поздрави со својот противник и со главниот судија, а потоа од неговите очи се стркалаа солзите. Конечно, го дочека она што му бегаше 16 години и тоа не можеше да помине без емоции.