Австралискиот судија Ентони Кели изјави дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да биде депортиран од Мелбурн додека не заврши жалбата за укинувањето на визите и дека случајот сега е префрлен на Федералниот суд на Австралија.
Како што прецизираше судијата на рочиштето, Ѓоковиќ вечерва од 22 часот по средноевропско време и во сабота наутро по локално време во Мелбурн ќе оди да разговара со имиграциските власти, а дотогаш нема да биде во притвор.
По распитот Ѓоковиќ ќе биде приведен, до новиот распит кој е закажан за в недела. Неговиот адвокат Ник Вуд изјави дека е загрижен за безбедноста на првиот тенисер на светот доколку биде објавено местото каде што ќе биде приведен, но и медиумскиот циркус што може да се случи.