Македонскиот боксерски репрезентативец, Петар Арсовски, со убедливата победа со 5-0 против Велис Антонио Ремус (Грција) се пласира во полуфиналето од младинското ЕП во Софија, со што обезбеди најмалку бронзен медал.
Нашиот боксер доминираше против Гркот и тоа во сите три рунди и дојде до заслужена победа.
Противник на Арсовски во полуфиналето ќе биде Љубослав Методиев од Бугарија.