Донарума го имитираше Ноер, па лесно можеше да се посрамоти

Донарума го имитираше Ноер, па лесно можеше да се посрамоти
Донарума доби шанса против Олимпик Марсеј и баш многу не се истакна. Италијанецот киксираше при голот за 1:1 на Марсеј кога лошо процени една топка.

Во финишот од мечот Донарума беше блиску и повторно да киксира, тогаш тргна да го имитира германецот Мануел Ноер. Голманот на Баерн е познат по учеството во играта на својот тим. Донарума вчера се обиде на нешто слично откако истрча далеку од својот гол, доби топка која се обиде да ја исфрли во аут, но им даде шанса на гостите да изедначат. На крајот се заврши со добиен жолт карт за италијанскиот голман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ