Олимпик Марсеј и Монако беа актери на одличен натпревар на Велодром, но дербито немаше победник.
Кнезовите и ставија крај на победничката серија на Олимпик Марсеј. И покрај тоа тимот на Игор Тудор е третопласиран на табелата со 43 бода, четири помалку од лидерот ПСЖ.
Веретут во 17 мин. со автогол им донесе предност на „кнезовите“ , а Санчез на стартот на вториот дел ја затресе мрежата на гостите за 1-1.
Марсеј доминираше во второто полувреме и создаде дури 16 шанси, но ниту тоа не им помогна да слават во дербито.
На третата позиција останува Марсеј со 43 бодови, односно пет повеќе од Монако и до крај ги чека тешка битка за топ-3 позициите кои водат во Лига на шампиони.