Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ е пуштен од болницата во која е хоспитализиран од 29 март. Неговиот третман заврши со анализи кои покажаа одлични резултати. Според италијанските медиуми, Михајловиќ веќе е на пат за Рим за да помине неколку дена со семејството. Потоа ќе се врати во Болоња за да го преземе тимот што го водеше од далечина за време на неговиот престој во болницата.
Да потсетиме, Михајловиќ свика прес-конференција на 26 март, на изненадување на сите, и рече дека треба повторно да се лекува за да избегне влошување на состојбата што го снајде во јули 2019 година кога беше хоспитализиран за борба против акутната миелоидна леукемија.