Севилја го здроби Елче со што се оддалечи од опасната зона. Фудбалерите на Севилја одиграа одличен меч против Елче и триумфираа со 3-0 за втора победа по ред и бегство од позициите кои се блиску до зоната за испаѓање од Ла Лига.
Севилја трите гола ги постигна во првото полувреме, и тоа два преку Мароканецот Ел Незири, а еден постигна Акуња за конечни 3-0.
Екипата од Андалузија по резултатската криза конечно заигра на очекуваното ниво и во моментов се наоѓа на 13. позиција со 21 бод, односно 10 помалку од топ-4.