Тотенхем се пласира во осминафиналето на ФА купот на Англија по победата над Престон на гости со 0-3. Двоен стрелец во составот на Антонио Конте беше Корејскиот репрезентативец Хјонг – Мин Сон.

Јужнокореецот во 50.минута му донесе водство на Тотенхем, а во 69.минута и вторпат ја затресе мрежата на домашниот тим.

Во финишот, новото засилување за Тотенхем, Арно Данџума го постигна и дебитантскиот гол во дресот на лондонскиот тим.