Прекрасната фудбалерка на Астон Вила и швајцарска репрезентативка Алиш Леман важи за најубава и најзгодна на денешницата, а нејзиниот живот е исклучително интересен и надвор од теренот.
Оваа 24-годишна убавица во интервју за „Би-Би-Си“ потврди дека добива многу пораки од познати личности. Се здоби со популарност со преселбата на Островот во 2018 година. Тогаш од Јанг Бојс пристигна во Астон Вила, но поради убавиот изглед често го окупираше вниманието на англиските новинари и беше на насловните страници на локалните портали.
Тоа ѝ помогнало да стане славна и моментално на Инстаграм ја следат над 15,9 милиони корисници. Освен што заработува од играње фудбал, таа добива пари и од објавување на Инстаграм, а неодамна креираше и свој календар за 2024 година, кој може да се купи за околу 50 фунти. Секако, календарот го красат нејзини фотографии во различни изданија.
Но популарноста има и своја негативна страна. Пред неколку недели таа потврди дека добивала нереални суми на пари од познати личности за една вечер, а сега за „Би-Би-Си“ откри кој ѝ е нејзиниот најпознат следбеник на Инстаграм.
„Веројатно Роналдо од Бразил. Но, ова е Инстаграм, а не реален свет”, рече таа.
Женскиот тим на Астон Вила имаше разочарувачки старт на сезоната. Фудбалерките на тимот од Бирмингем ја започнаа тековната сезона со четири порази од Манчестер Јунајтед (1-2), Ливерпул (0-2), Арсенал (1-2) и Тотенхем (2-4). Во моментов Астон Вила е на претпоследното место.