Точно пред 20 години, на 22 август 2004 година, Ајакс ја торпедира НАЦ Бреда со 6-2, а тогаш младиот Златан Ибрахимовиќ го постигна еден од најневеројатните голови во фудбалска историја, гол кој и ден денеска се прераскажува.
Швеѓанецот си поигруваше со пет противнички играчи, ги дриблаше, со финти ги легнуваше на земја, на крајот го измами и голманот и даде антологиски гол. Мајсторијата може да ја погледнете на видеото на 1,46 мин.
Фановите на Ајакс го исвиркуваа Ибра на тој дуел затоа што четири дена претходно на пријателски меч го повреди тимскиот колега и миленик на навивачите, Рафаел ван дер Варт, наводно намерно.
Беше јасно дека во Ајакс нема место и за Златан и за Ван дер Варт, па само една недела по овој гол, копјаниците го продадоа Ибра во Јувентус.