Во Источна Германија, беше синоним за фудбал, веројатно најгoлемиот клуб во државата која сега ја нема. Во заедничка Германија не можеше да се снајде, беше на дното на германскиот фудбал, а дека има фанови и тоа какви, доказ е она што вчера и синоќа се случи на стадионот на Магдебург и истоимениот град.

Со победата над Цвикау, тимот на Магдебург и официјално избори пласман во 2.Бундеслига, а фановите од радост просто “полудеа“ и испија тони и тони пиво.

Потоа избија прво нереди на самиот стадион при прославата, за потоа да се прошират во центарот на градот. На нив имаше и неколку ранети и повредени полицајци.

Се употребуваа од страна на органите на редот и водени топови, имаше огномет, фрлање на шишиња и камења по полицајците, запаливи средства, беше навистина страшно.

https://twitter.com/1_FCM/status/1518235660536193025?s=20&t=E9uGByhFzyrVJU0YQnMmEA