Секако дека 24 март 2022 година ќе биде запишан со златни букви во нашиот фудбал. Вчера се навршија месец дена од победата на Македонија среде Палермо против Италија со 0:1, со голот на Трајковски во судиското продолжение. Ја елиминиравме Италија од СП во Катар, потоа нас не победи Португалија во финалето од плеј – офот.
Александар Трајковски беше стрелецот на победничкиот гол во Палермо, но потегот на мечот веројатно беше херојскиот потег на Џани Алиоски кога успеа со фантастична реакција, по шутот на Берарди, да го спаси нашиот гол.
И УЕФА потсетува на тоа, еден месец потоа…