Фармацевтите на Баер Леверкузен на свој терен загубија од Монако со 2:3 во првиот меч од шеснаесетфиналето во Лигата на Европа. Како главен виновник и трагичар за поразот е голманот на Баер, Лукас Храдецки, кој уште во деветтата минута од мечот си даде смешен автогол.
Храдецки прми една вратена топка и наместо веднаш да ја исфрли, под притисок на противничкиот играч топката ја внесе во својатата мрежа, си постигна автогол. Голманот на Фармацевтите беше лут и бараше фаул, но судијата ништо не досуди и покажа на центар.
Автоголот може да го видите ТУКА.
По овој кикс, Храдецки се најде на удар на навивачите на Баер, кои упатија многу навредливи коментари на социјалните мрежи за оваа негова реакција. Тоа го налути финскиот голман, кој по средбата, не беше многу фин во коментарите.
„Тоа е детско однесување. Новата генерација воопшто нема никакво почитување. Секој од нив мисли дека има најголем полов орган“, беше изјавата на Храдецки по мечот, па дополнително се најде на удар на јавноста.