Габриел Жесус во 30. минута имаше голема среќа и успеа да постигне гол, по една лоша интервенција на голманот, по што „топчиите“ го одржуваа водството до 74. минута, кога Даглас Луиз даде гол од корнер.
Сепак, радоста на гостите траеше кратко затоа што три минути подоцна Букајо Сака испрати добар центар-шут во казнениот простор, а таму најдобро реагираше Габриел Мартинели и погоди за 2-1.
Манчестер сити ниту вечерва немаше милост за својот ривал, па така го растури со 6-0, а само во првото полувреме до хет-трик стигна Ерлинг Халанд, и тоа во период од 12. до 38. минута.
Нотингем Форест не можеше да се освести што му се случува, а Жоао Кансело испрати „бомба“ и погоди за 4-0, по што Хулијан Алварез даде уште два погодоци за конечни 6-0.
На последниот меч кој се играше во ист термин, Бормут одигра 0-0 против Вулверхемптон.