Четата на германскиот стратег Јирген Клоп имаше проблеми на стартот на мечот, а тоа го искористи Њукасл, откако по само 38. минута дојде до предност со гол на новиот напаѓач Александер Исак.
Резултатската неизвесност се врати во 61. минута, кога Роберто Фирмино успеа да стрела за 1-1, по што поранешниот англиски првак издоминира до крајот, а до триумф стигна преку Фабио Карвалјо во 98. минута.