Видно ослабен и исцрпен, поради хемотерапиите, бидејќи му се врати леукемијата, но сепак Синиша Михајловиќ се појави на тренингот на својот тим Болоња.
Српскиот тренер во понеденикот ја напушти болницата, каде повторно се лекуваше од леукемијата, мина повторно еден бурен и тежок период од кој излегува чист и сега се надева на најдоброто. Колку за потсетување, иако беше во болница, сепак неговиот тим забележа добри резултати, особено победа над Интер од 2:1 со која може да му ја „украде“ титулата.
Поради добрите резултати Михајловиќ е прогласен за тренер за месец април во Серија А. На пет меча во месец април Болоња има две победи и три нерешени средби.
„Наградата за тренер на месецот кон Синиша, не само што е заслужена поради добрите резултати на терен, туку и поради кохезијата и дневната работа на оваа група фудбалери“, порача Луиџи де Сијерво, извршен директор на Серија А.