Лондонци се мачеа само во првото полувреме, во кое не успеаја да го најдат патот до противничката мрежа, но во продолжението тоа им успеа. Броја прв постигна гол во 58. минута, Силва во 66. минута го удвои водството додека Стерлинг три минути подоцна стави крај на сите дилеми околу победникот. Последниот погодок беше дело на Фернандез пред крајот на средбата.
Во следната рунда патува и Астон Вила која во финишот го скрши отпорот на Мидлсбро и победи со 1-0 на култниот „Риверсајд“. Единствен стрелец беше Кеш во 87. минута.
Шефилд Венсдеј дојде до убедлив триумф над Кардиф (4-0), а исто така победи и Свонси со 2-0 против Морекомб.