Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, доби одмор и средбата ја проследи од клупата, но проблемот за мачењето не беше во неговата замена туку во нападот, кој во регуларниот дел не најде начин да го пробие бедемот на второлигашот. На Рајо тоа му успеа дури во второто продолжение, во кое прво Валентин погоди во 118. минута, за Палазон да го постави конечниот резултат во 122. минута.
Претходно пласман во следната рунда обезбедија Атлетико Мадрид со гостинската победа против Луго (3-1), Жирона со триумфот против Елче (2-0), како и Гетафе, кој како гостин го совлада Еспањол (1-0).