Репрезентативецот на Англија и играч за врска на Реал Мадрид, Џуд Белингем веднаш по доаѓањето се прилагоди на играта во шпанската Примера и моментално е најдобар фудбалер во ова натпреварување. Првотимецот на Реал Мадрид успеа да забележи асистенција при вториот гол на Родриго против Атлетик Билбао, која е негова десетта сезонава.
Со тој учинок Белингем стана првиот фудбалер во Шпанија сезонава кој успеал да оствари своевиден „дабл-дабл“ ефект, со двоцифрен број на голови и асистенции.
Покрај тоа, Англичанецот постигна 21 гол и оствари 10 успешни додавања во сите натпреварувања оваа сезона, како за клупскиот така и за репрезентацијата, што е уште еден параметар кој укажува дека игра во фантастична форма.
Треба да се има предвид дека Белингем има само 20 години и дека пред натпреварот со Атлетик Билбао беше повреден, поради што пропушти четири од последните седум натпревари на Реал Мадрид.
Со новите три освоени бода против Атлетик, Реал Мадрид се зацврсти на лидерската позиција на табелата во Примера и моментално има 75 бода, што е осум повеќе од второпласираната Барселона.