Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е позитивен на Ковид-19, објави мадридскиот клуб.
Анчелоти, кој го водеше тренингот во вторникот, беше позитивен на еден од тестовите што клубот редовно ги спроведува меѓу играчите и вработените.
Сега е во изолација во својот дом и неизвесно е дали ќе седне на клупата во сабота на првенствениот натпревар против Селта Виго во Виго.
Во случај да не може да го води натпреварот, тоа ќе го направи неговиот син и помошник Давиде Анчелоти.
Реал Мадрид во среда следната недела ќе игра против Челзи во четвртфиналето од Лигата на шампионите на „Стемфорд Бриџ“ во Лондон.