Откако го мина премрежието и во Серија А и се пласира во осминафиналето од Лигата на шампионите, Интер влегува во форма и гази секој што ќе му застане на патот. Во случајов, противникот не беше баш дораснат, претпоследната Сампдорија, но си замина од „Џузепе Меаца“ со три гола во својата мрежа.

И покрај доминацијата и шансите на „нераѕурите“, првиот гол падна од прекин, во 22. минута, кога Чалханоглу изведе корнер, а Де Вриј скокна највисоко. На една минута до паузата, Барела зголеми на 2-0, по едно невнимание на одбраната на Сампдорија, кога со долга топка беше проигран, речиси, преку цел терен.

Во второто полувреме влегоа во игра Лукаку и Кореа, а Аргентинецот постигна гол за 3-0, исто така во контра, претрчувајќи од својата половина, до работ на шеснаесетникот, од каде што биеше неодбранливо. Со новите три бода Интер дојде до 24, повторно 10 помалку од лидерот Наполи, но сега исто колку и третопласираниот Лацио, пред тој да го одигра својот меч од ова 12. коло.

https://youtu.be/pmj8XMceJ3E