Манчестер сити по голема борба на теренот успеа прв да ја затресе мрежата во 53. минута кога Фил Фоден ја погоди мрежата на Алисон Бекер, кој претходно имаше контакт со Ерлинг Халанд. Сепак, судијата по прегледување на ВАР-снимката реши дека голот не треба да важи поради прекршок.
Во продолжение од средбата Алисон испрати одлична топка до Салах во контра-напад, по што лошо реагираше еден од дефанзивците на „граѓаните“, а тоа го искористи Египќанецот кој го матираше Едерсон.
Страстите се „запалија“ во финишот од мечот, па поради тоа и тренерот Јирген Клоп заработи црвен картон и мораше да замине во соблекувалната, а Ливерпул успеа да се одбрани од нападите на Манчестер сити.
Ливерпул со првата победа по три меча во домашното првенство стигна до осмата позиција, додека Манчестер сити остана втор со 23 бода, колку што има и Тотенхем, а пред нив е Арсенал со 27 бодови.