Шкупи во 11.коло успеа да ја совлада досега непобедливата Струга Трим Лум во дербито од македонскиот шампионат. Во 57.минута, Фреди Алварез реализираше пенал за минимален триумф од 1-0.
Во еден жесток натпревар, со многу борба и тензија, Шкупи стигна до посакуваната победа и ја намали негативата во однос на Струга ТЛ во трката за титулата.
Адетунџи прв се закани, но без ефект, а Срѓан Захариевски го стартуваше мечот без Бесарт Ибраими.
После примениот гол, стружани имаа две добри шанси за израмнување, преку Валентин Кочоски и Укпа, но, сепак, мрежата на Кристијан Наумовски остана да мирува до крајот на натпреварот.