Пари Сен Жермен ја победи Троја на гостувањето со 1-3 и повторно има шест бода на врвот на табелата во Лига 1 пред Ленс. Килијан Мбапе во осмата минута го отвори резултатот, а Витиња зголеми на 0-2 на почетокот на вториот дел.
Шавалерин во 85.минута постигна гол за надеж за Троја, но веднаш одговори и Фабијан Руиз со трет погодок во мрежата на домаќинот за сигурен триумф на светците.