Манчестер Јунајтед доживеа минимален пораз (1-0) на гостувањето кај Вест Хем. Ова ги компликува работите за тимот на Ерик тен Хаг во трката за четвртата позиција и пласман во Лигата на шампионите, а му дава шанси на Ливерпул, кој сега е на минус еден бод, но и има еден одигран меч повеќе.
Саид Бенрама во 22.минута го постигна победничкиот гол за Вест Хем, со кој тимот ја прекина серијата од три последовни порази. Мора да се истакне и дека не беше најдобра реакцијата на голманот Давид Де Хеа.
„Ѓаволите“ не успеаја да возвратат до крајот и бодовите останаа во Лондон.