Србинот Никола Јокиќ одигра фантастична партија, постигна 53 поени, но Денвер загуби на гостувањето кај Феникс со 129-124, Филаделфија со тројка на Харден во последните секунди го совлада Бостон со 116-115.

Српскиот кошаркар постави личен рекорд по број на поени кога се плејоф мечевите во прашање. Јокиќ постигна дури 53 поени, но тоа не беше доволно за Денвер да дојде до третата победа во серијата со Феникс.

Јокиќ покрај 53. поени, имаше и 11 скокови, Мареј беше на своето ниво со 28 поени. Сепак, Феникс ги имаше расположените Букер и Дурент кои беа клучни во победата. Двајцата постигнаа по 36 поени, Букер ги зачини со 12 асистенции, а Дурент со 11 скокови.

 

Исклучително интересен и неизвесен меч одиграа Филаделфија и Бостон кој беше решен по продолжение од пет минути. Во последните секунди Џејмс Харден постигна тројка за победа на домаќините од 116-115. Веднаш потоа и Бостон даде тројка, но шутот беше задоцнет, времето истече. По овој меч серијата е израмнета на 2-2.

Џејмс Харден со 42 поени беше најефикасен во составот на Филаделфија, одличен меч имаше и Ембид со 34 поени и 13 скокови. Кај Бостон Тејтум постигна 24 поени, имаше и 18 скокови, Браун реализираше 23 поени.

 

Резултати: Филаделфија – Бостон 116-115 (2-2), Феникс – Денвер 129-124 (2-2)