Леванте не успеа и денеска да дојде до победа и три бода, стигна само до реми со Еспањол, 1:1 е епилогот од денешниот меч од 28.коло во Ла Лига. Македонскиот репрезентативец го одигра целиот меч, но и тој не помогна неговиот тим да успее да победи во овој значаен меч за Леванте. Па така и натаму Леванте е “зацементиран“ на последното место на табелата.
Гостите во водство дојдоа во 50.минута со голот на Пуада, а Леванте израмни во 80.минута со голот на Гомез.